Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека примила две дози вакцина, втората пред повеќе од еден месец.
„Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и позитивна сум на Ковид-19. Почитувајќи ги здравствените протоколи, во наредните денови ќе останам во самоизолација добивајќи ја потребната терапија“, напиша Афири на Фејсбук.
Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро порача Арифи.