Николов: Поддршката од публиката ќе ни значи многу

Од:

Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација, Кристијан Николов, очекува победа на денешниот дуел со Словачка во претквалификациите за Светското првенство 2023. Во остварување на целта тој смета на поддршка од трибините.

– Знаеме со што располагаат Словаците. Вчера ги гледавме на средбата со Швајцарија. Ги знаеме нивните силни страни. Знаеме дека играат агресивна кошарка. Но, исто така знаеме што треба да правиме со нив. Сигурно дека ќе влеземе силно, мотивирано, без никакви притисок на овој натпревар. Ќе дадеме сè од себе и се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат. Ова ќе биде и првиот официјален меч по подолго време, на кој ќе биде дозволено присуство на публика и се надевам дека навивачите ќе ги има во поголем број. Многу ќе ни значи нивната поддршка во обидот да направиме позитивен резултат, истакна Николов.

Натпреварот се игра вечер со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Mакедонија ја прегази Норвешка и обезбеди место во квалификациите за ЕП

Митрашиновиќ: Докажавме дека македонските кошаркарки имаат квалитет

Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија

Ненад Димитријевиќ се приклучи на националниот тим

Стојан Ѓуроски надвор од кошаркарските терени следните два месеца

А1он

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он