Отворен 49. Струшки ракометен турнир

Од:

Струшкиот ракометен турнир е една од манифестациите кои растат, се развиваат и опстојуваат како белег на Струга. Низ историјата бил арена за најдобрите ракометари од Европа на магичниот терен, под отворено небо и будното око на умната и ракометно едуцирана струшка публика.

На официјалното отворање на 49. Меѓународен ракометен турнир во Струга, тоа го истакна Јаков Попоски, син на ракометарот Горан Попоски – Бабец, во чија чест е именувано отвореното ракометно игралиште.

Струшкиот ракометен турнир, кој поради пандемијата, годинава нема интернационален карактер, според Попоски, не е помалку квалитетен и вреден.

– Годинава сме сме домаќини на двојниот Европски шампион „Вардар“, двојниот четврт финалист во Лигата на шампионите „Металург“, финалистот во челинџ купот „Пелистер“, „Тиквеш“ и „Бутел“, екипи во подем и домаќинот Струга. Денеска и во наредните три дена тука ќе се судрат најдобрите три екипи во чии редови играат врвни професионалци, репрезентативци, европски и светски шампиони, истакна Попоски.

Изрази задоволство за одлуката ракометното игралиште да го носи името на неговиот починат татко, со уверување дека токму таму ќе се родат многу нови спортски херои на Струга.

Пред официјалното отворање силите ги одмерија домаќинот „Струга“ и македонскиот шампион „Вардар“ со 26:39 (14:21). Најдобар стрелец со седум погодоци беше Јан Чувара, од тимот на „Вардар“. Втор денешен меч е меѓу екипите на „Тиквеш“ и „Металург“.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски