ВИДЕО: Хеликоптер на АРМ полнеше вода во Вардар за да го гасне пожарот во Сарај

Од:

Хеликоптер на македонската Армија ангажиран за гаснење на пожарот во Сарај во обид да се врати побрзо на локацијата и да добие во време полнеше вода од Вардар во близина на мостот „Обединети нации“ меѓу Карпош и Влае.

Пожарот во близина на селата Раовиќ и Буковиќ во Сарај гори веќе неколку дена и се прошири кон ловиштето Јасен, но засега огнот е под контрола. Како што информираа од Центарот за управување со кризи попладнево, овој е еден од трите активни пожари во земјава покрај оние кај селото Дивље во Петровец и кај селото Топлица.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата „Краста“

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско

Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД