По речиси четири месеци повторно над 4.000 новозаразени во Грција

Од:

Зголемен е бројот како на нови случаи на Ковид-19, на пациенти приклучени на апарати, така и на направени тестови во Грција, согласно денешните податоци од Националната организација за јавно здравје.

По речиси четири месеци регистрирани се над 4.000 новозаразени, односно вкупно 4.181 случај, починаа 19 лица, а 219 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Доколку се анализираат податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција за новите случаи на дневно ниво, од почетокот на пандемијата во земјата, само три пати биле регистрирани над 4.000 новоаразени и тоа за време на вториот бран и додека земјата беше во целосен карантин.

Рекорден број нови случаи, вкупно 4.340 имаше на 30 март, една седмица подоцна беа регистрирани 4.309 случаи, а на 13 април годинава, последен пат беа соопштени над 4.000 новозаразени.

Секако, според денешните податоци, голем е бројот и на направени тестови, вкупно 102.275, од кои 84.397 се рапид, а останатите ПЦР.

Од новите случаи, 1.238 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 710 се на островот Крит, а 337 во Солун.

Поради зголемениот број новозаразени во градот Ираклио на Крит, од утре се воведува полициски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а мерките ќе бидат во сила до следниот вторник.

Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани вкупно 521.399 случаи на Ковид-19, а починаа 13.118 лица.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор