Чадот од пожарите во Сибир стигна до Северниот пол

Од:

Чадот од пожарите во Сибир, за првпат во историјата, стигна до Северниот пол. Пожарите во Сибир зачестија во последниве години, а екологистите го поврзуваат со климатските промени и недоволно финансираната шумарска служба, јави Би -Би -Си.

Климатските експерти на ОН вчера објавија извештај кој покажува дека глобалното затоплување се случува побрзо од очекуваното и дека човештвото е речиси целосно виновно за тоа.

Еден од најтешко погодените региони на Сибир оваа година е Јакутија, најголемиот и најстудениот регион во Русија, што се соочи со рекордно високи температури и суша.

Руската хидрометеоролошка служба, Росгидромет, вчера соопшти дека ситуацијата во регионот „продолжува да се влошува“ и дека околу 3,4 милиони хектари горат во регионот, при што се опфатени области што се оддалечени и тешко пристапни.

НАСА објави дека нејзините сателитски снимки покажуваат чад од огнот, што патува „повеќе од 3.000 километри, од Јакутија до Северниот Пол“.

Според податоците на руските власти, годинашните пожари опустошиле повеќе од 14 милиони хектари. Шефот на руската програма за шумарство на Гринпис, Алексеј Јарошенко, го поврза ширењето на огнот со последиците од климатските промени и „континуираното влошување на управувањето со државните шуми“.

Би можело да ве интересира

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени