За пожарите ангажирани 583 полициски службеници, сите специјални единици на терен

Од:

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 7 август 2021 до 07.00 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 583 полициски службеници, реализирани 202 мото-патроли и користени 172 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка, кои несебично помагаат во гасење на пожарите, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека на 7 август од страна на полициски службеници биле лишени од слобода три лица, поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој во 05.28 часот било пријавено дека настанал над с.Страхојадица, скопско, при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума.

– Полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли. Лицата се приведени и се работи на расчистување на случајот, а пожарот бил локализиран од полициските службеници, додадоа од МВР.

Од Министерството посочија дека истиот ден во Полициска станица Гази Баба е приведено едно лице, а уште едно само се пријавило, во врска со пожарот кој настанал на ул.„Зендал Џемаил“, на подрачјето на Гази Баба. Со нив е извршен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Би можело да ве интересира

Масовни евакуации во Канада поради пожари: Повеќе од 17.000 луѓе ја напуштаат Манитоба

СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека сезоната на пожари

А1он

(ВИДЕО) Израел прогласи вонредна состојба, пожарите се шират, се зголемува бројот на повредените

Горан Наумовски

Хамас повика на подметнување пожари во Ерусалим и на Западниот Брег

(ВИДЕО) Израел се бори со огромни пожари, постои сомневање за тероризам, уапсени се неколку лица

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја