Грчки професор од Бостонскиот универзитет поведе судска постапка против Епл и бара обештетување од 58 милиони евра затоа што компанијата украла негов пронајдок, употребуван веќе во неколку нејзини производи, како iphone, ipade и MacBook Air, соопшти електронското издание на атинскиот весник „Етнос“.
Пронаоѓачот ја обвинува Епл дека го украла негово откритие, патентирано во ноември 1997 година за кое тој поседува сертификат.
Не е прв пат Бостонскиот универзитет да протестира за украден патент. Минатата година вакви судски барања беа упатени против други компании, како Самсунг и Амазон, коментира весникот „Бостон хералд“.