616 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за превенирање и гаснење на пожарите

Од:

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 06.08.2021 до 07.00 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 616 полициски службеници, како и 224 мото-патроли и 189 возила.

Вчера во 19.05 часот, во врска со пожарот во с.Добридол, гостиварско, кој е локализиран, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б.(34) од истото село. Поради постоење основано сомение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на посочениот период, во СВР Струмица-ОВР Радовиш, во врска со пријавениот настан – пожар од 06.08.2021 година во с. Дамјан, радовишко, бил лишен од слобода прво И.О(28), а набрзо потоа и С.А.(23), двајцата од с.Тополница. За случајот известен е и јавен обвинител од ОЈО Струмица и по негови насоки се работи на расчистување на случајот.

Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп околу 06.15 часот бил лишен од слобода М.Е.(34) од Прилеп, поради постеоње основи на сомнение дека го подметнал пожарот на место викано Дабница. Во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во врска со пожарот во семејна куќа во с.Челопек, Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапува по насока на Јавен обвинител и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршија детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он