Заев, Филипче и Шахпаска го прекинаа одморот и посетија беровско село зафатено од пожарите

Од:

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, кои сред кризната состојба заедно заминаа на годишен одмор во Грција, го прекинаа истиот.

Според објавените фотографии на Фејсбук, од страна на Владата, тие, заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која исто така беше на годишен одмор, се упатиле во беровското село Будинарци, кое е уште едно од македонските населени места кои се исправиле пред огнот.

„Премиерот е во постојана координација и комуникација со сите надлежни институции во секој момент од кризата со пожарите. Утрово премиерот пристигна во беровско каде заедно со министрите Шекеринска, Филипче, Шахпаска и Бочварски имаше координација со директорот на ЦУК и со градоначалниците на Берово и на Пехчево. Да се прекине одморот и за неколку часа да се пристигне на соодветна локација каде тоа го налага потребата, за премиерот е нормално и очекувано“, велат од Владата за „А1он“.

„Тие заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар. Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија. Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност“, пишува на Фејсбук страницата на Владата.

Освен Заев и Филипче, на годишен одмор во исто време се и министрите за правда и за внатрешни работи, Бојан Маричиќ и Оливер Спасовски, нешто што предизвика жестоки реакции во јавноста – власта да оди на одмор за време на кризна состојба, додека има десетици активни пожари, а бројот на новозаразени со коронавирусот расте.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: Мисијата на Кирил и Методиј има непроценлива улога, нашата е да го чуваме македонскиот јазик

А1он

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија