Обид за палење на ЛГБТ центарот со бензин

Од:

Утрово во 4 часот и 20 минути е направен обид за палење на ЛГБТ центарот со бензин во Стара Чаршија. Според направениот увид, непознати лица се качиле на покривот на Центарот, при што извадиле неколку керамиди од покривот и посипале бензин, потпалувајќи ги штиците на покривот.

Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за А1он изјави дека случајот е пријавен од непознато лице.

– Не знаеме за колкав број на лица се работи, бидејќи нашите камери немаат регистирано ништо. Очигледно дека сторителите се качиле од задната страна на Центарот, за да не ги фатат камерите. Направена е штета од два метри квадратни на покривот. Случајот го пријавивме во полиција – изјави Пировска.

Обидот за палење на ЛГБТ центарот следува по само десетина дена откако 40-тина маскирани лица го нападнаа нивното седиште, во кој беше повреден и еден полицаец.

Во текот на крајот на минатиот месец, ЛГБТ заедницата беше предмет на критика и напади од контра геј демонстранти, кои протестираа против непостоечка геј парада.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on