Квалитетен состав на Струшкиот ракометен турнир

Од:

Од 14. до 17. август на ракометниот терен на „Женска плажа“ во Струга ќе се одржи традиционалниот турнир „Струга 2013“. Ова ќе биде 41.во издание на оваа ракометна манифестација.

На турнирот ќе настапат: шампионот на Македонија Вардар, ланскиот победник на турнирот Металург, потоа француските екипи Иври и Версај, романскиот првак Констанца (тренер е Звонко Шундовски и игра репрезентативецот Бранислав Ангеловски) и белоруската екипа Мешков Брест.

Екипите ќе бидат поделени во две групи по три. Учеството го откажа повеќекратниот руски шампион Чеховски Медведи, а организаторот Струга ќе настапува во ревијални натпревари.

– За да се има подобри услови за од утре ќе стартуваат градежни работи на теренот, а во план е проширување и на капацитетот на трибините со изградба на уште една на јужната страна. Воедно наша цел е во Струга да играат екипи кои се или биле дел од Лигата на шампионите,  истакна членот на Организациониот одбор Сашо Србиноски на денешната прес-конференција.

Термини за почеток на натпреварите се 19 часот и 20 часот и 45 минути.

Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски информираше дека во деновите на траење на турнирот ќе се одржи и Конференција на клубовите, потоа Собрание на РФМ, како и семинат на тренери и уште неколку активности поврзани со ракометот.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa