УЈП со засилени контроли кај приредувачите на игри на среќа

Од:

Управата за јавни приходи поради утврдено нелиценцирано приредување  игри на среќа во контролите кои вчера во вечерните часови ги изврши во Гостиварско, ја заплени  целокупната опрема и запечати објекти на „диви“ обложувачници во селата Дебреште, Врапчиште и Градец, а против сопствениците поднесе кривични пријави.

Како што соопшти УЈП, угостителски објект на влезот во Гостивар е затворен за период од 30 дена, поради непоседување фискален апарат. Во ваквите случаи, законот предвидува глоба од вкупно 3.250 евра, која доколку не се плати во рок од 8 дена, казната достигнува 6.500 евра. Ако пак, сопственикот не набави фискален апарат во рок од 30 дена, затворањето на објектот се продожува за дополнителни 60 дена.

Мобилните екипи на Управата за јавни приходи ќе вршат засилен инспекциски надзор, во вечерните часови и за време на викенди, кај приредувачите на игри на среќа кои досега требаа да воведат Надзорен информациски систем и 24-часовна поврзаност со УЈП заради следење на уплатите и исплатените добивки. На приредувачот кој се уште нема воведено во функција НИС, ќе му бидат затворени сите деловни единици  и ќе му биде изречена глоба од 7 илјади евра, соопштуваат од УЈП.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа