Поднесена е кривична пријава против И.П.(33), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување и уништување на деловни книги“.
Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, бил вработен во сервис за автомобили и во текот на 2020 година, преку компјутерски систем, континуирано и неовластено внесувал невистинити податоци на фактурите за поправка на возила.
Со тоа И.П. го оштетил сервисот за 912.570 денари.