Најмалку 41 лице загина во сообраќајна несреќа во јужен Мали кога патнички автобус се судри со камион.
Британските медиуми јавуваат дека во болницата во градот Саго, што се наоѓа на 20 километри од местото на несреќата, се префрлени 33 повредени патници.
Поради силината на ударот, автобусот бил речиси преполовен, а на социјалните мрежи, може да се види како багаж и предмети се расфрлани на патот.