Слаб земјотрес во регионот на Струмица

Од:

Земјотрес со интензитет од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистиран попладнево во 17:10 минути со епицентар во реонот на Струмица.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, го регистрирала земјотресот чиј епицентар бил на 120 километри југоисточно од Скопје во струмичкото епицентрално подрачје.

Земјотресот бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски