Пожарот во Гевгелија ја зафати граничната караула на АРМ, изгоре полициско возило

Од:

Пожарот во Гевгелија зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило, информираат од општината.

Во соопштението се вели дека сепак, по четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатиле шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола.

„Поради отежнатите временски услови, односно тивкиот ветар, пожарот е се уште активен, но е локализиран. Во локализирањето на пожарот покрај, ТППЕ- Гевгелија, учествуваше и ЈПДК „Комуналец“- Гевгелија со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“. Додека, на грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро“, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, во изјава за медиумите се заблагодари за херојството и интервенцијата на гевгелиските пожарникари, вработените од ЈПКД „Комуналец“, а и кон вработените од хотел „Фламинго“ и граничната полиција кои активно се вклучија во борбата со пожарот, придонесувајќи да се избегне катастрофа од поголем размер.

Граничниот премин „Богородица“ е затворен за сообраќај и возилата се пренасочуваат на граничниот премин „Дојран“, информираа од АМСМ.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница