Доаѓаат четири хеликоптери од Србија, најавена помош и од Словенија и од Грција

Од:

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска информираше дека во секој момент се очекува од Србија да пристигнат четири хеликоптери на скопскиот аеродром, кои ќе бидат употребени за гаснење на пожарите во попладневните часови. Исто така, потврден одговор за помош при гаснење на пожарите има и од Словенија и Грција.

-Од Србија очекуваме во секој момент да стигнат четири хеликоптери на скопскиот аеродром. Истите ќе бидат употребени за гаснење во попладневните часови. Ние не можеме отсега да планираме каде ќе ги употребиме. Треба да видиме што ќе се случи во наредните два, три часа, бидејќи пожарите се непредвидливи, посочи Ангелов на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Тој доаде дека неколку силни пожари се веќе ставени под контрола, неколку се локализирани. Но, бројот на пилотите е ограничен.

-Во текот на вчерашниот ден на рапсолагање беше само еден хеликоптер. Во текот на ноќта вториот беше сервисиран на лице место. Вработените се изложуваат на надчовечки напори да го оспособат и вториот хеликоптер за да може безбедно да лета, додаде Ангелов.

Како што информира, денеска во раните утрински часови, полетаа два хеликоптера кои што го гаснеа пожарот во Кочани. Директорот на ЦУК појасни дека кога температурата се качува, и кога доаѓа до замор, мора да се прави пауза, а со падот на температурите, повторно ќе се интервенира.

-Иако некои пожари навидум изгледаа наивни, тие брзо се раширија. Доволно е едно мало пламенче за пожарот да се рашири. Од друга страна, пожар не се гасне само со хеликоптери. Исто како во војна, додека пешадија не нагазне, додека човечка нога не стапне, ние не можеме да го третираме пожарот изгаснат. Ветрот го шири пламен со ненормална брзина, додаде Ангелов.

Тој посочи дека денеска се мобилизирани сите противпожарни сили во критичните зони. Ангажирани се многу припадници на локалната самоуправа, но и граѓани доброволци.

-Да не заборавиме дека вчера во текот на денот во Штип имаше три локални пожари во градот. Во Скопје имаше околу 15 урбани пожари, така што ние не можеме сите екипи од Скопје да ги упатиме да гаснат шумски пожари.

Воедно, како што рече, припадниците на ДЗС се комплет на терен, и има вкупно 200 припадника на Армијата кои се на терен.

-Во овој момент, бидејќи се работи за тешко пристапни терени, ние да однесеме и илјада луѓе тие нема таму како да се качат. Од друга страна, гаснење на вакви моќни пожари ги изложува луѓето на ризик. Дали треба да дозволиме некој пожарникар или некој војник да ни загине? Но, секако преземени се сите можни мерки, додаде Ангелов.

Би можело да ве интересира

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“