Мицкоски се сретна со Вучиќ: „Мини Шенген“ не е алтернатива на ЕУ, туку премостување на бариерите

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Белград, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и пратеникот и лидер на ДПСМ Иван Стоилковиќ оствари средба со Претседателот на Република Србија и лидер на СНС Александар Вучиќ.

На средбата се разговарало за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочил дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани. Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите, истакнал Мицкоски посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси.

Вучиќ даде поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата “мини шенген” која не смее да се гледа како алтернатива на Европската Унија туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ: Граѓаните дека сите можат да бидат мирни, државата си ја врши работата одговорно

Вучиќ: Успеавме да ја одбраниме Србија, од нас зависи дали ќе им подадеме рака на противниците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија