Филипче: Можни се рестриктивни мерки за невакцинираните доколку се влоши епидемиолошката состојба

Од:

Бројот на новодијагностицирани случаи на Ковид-19 во регионот, но и во Европа секојдневно се зголемува, а благ пораст на нови случаи е забележан и во земјава.

Зголемениот број на новозаразени пациенти се должи на зачестените патувања и годишни одмори, но не можеме да бидеме сигурни дали овој тренд на пораст ќе продолжи и понатаму, вели министерот Венко Филипче во изјава за Телма.

“Системот е целосно подготвен да се справи со евентуален нов бран, но мора сите да знаеме дека не можеме да живееме со рестрикции. Мора сите да се вакцинираме за да се врати нормалното функционирање на сите животни процеси, на економските субјекти, угостителските објекти, на местата за масовни собири. Граѓаните треба да знаат дека токму на такви места може да им биде побаран сертификат за имунизација или негативен ПЦР тест, бидејќи ние мора да го заштитиме населението, а притоа нормално да функционираат институциите и економијата”, изјави тој, додавајќи дека со вакцината која ја имаме на располагање и со која можеме да се заштитиме, имаме можност да ги избегнеме истите рестриктивни мерки кои беа на сила минатата година.

“Статистиката за случаите во нашата земја е отворена и транспарентна, системот се покажа дека добро функционира, бидејќи граѓаните мора да ја знаат објективната ситуација. Ние не знаеме дали понатаму, можеби следната година ќе се соочиме со некоја друга мутација на вирусот, и затоа апелираме граѓаните да се вакцинираат, а системот е подготвен да се справи со сите предизвици”, заврши тој.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а колективната имунизација е единствен начин да се стави крај на пандемијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски