Бела ноќ во Охрид

Од:

Охрид во сабота ќе биде домаќин на првата манифестација Бела ноќ. Идејата е Охрид да се вброи во делот на светските туристички центри каде се организираат вакви или слични манифестации со кои се означува почетокот на туристичката сезона.

belanok-ohrid

„Во областа на туризмот започнува една нова ера, која ние како локална самоуправа заедно со сите надлежни и инволвирани субјекти во овој процес сме подготвени од година во година да ја надоградуваме на повисоко ниво и како што ќе поминуваат годините така да биде надоградувана и во однос на учесниците и во однос на организацијата“, истакна секретарот Димитар Спасески.

Манифестацијата „Бела Ноќ“ вклучува работа на угостителските објекти, без ограничување, цела ноќ со намалени цени. Хотелите и приватното сместување ќе даваат соодветни намалувања на цените со цел да се овозможи масовно присуство на Манифестацијата на граѓаните од Македонија и соседните држави.

На плоштадот „Крушевска република“ ќе се промовира руралниот туризам, кај платото на Долна Порта ќе има промоција на занаетчиството и традиционални производи додека на градскиот кеј ќе се промовираат алтернативните форми на туризам.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

„Бела ноќ“ во Скопје

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ 2023“

A1on

Отворен повик за уметници за манифестацијата „Бела ноќ 2022“

Традиционалната „Бела ноќ“ утре на 13 локации низ Скопје

Ана Ололовска

„Бела ноќ“ 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје

Ана Ололовска

Бела ноќ по 16-ти пат в сабота на 10 локации

Ана Ололовска