Најмалку пет луѓе загинаа, а 800 се евакуирани поради пожарот што избувна во близина на италијанското летувалиште Пескара.
Повеќе од 500 пожари се активни во јужниот дел на Италија.
Северниот дел од Италија е зафатен од поплави предизвикани од обилните дождови. Најпогоден е регионот Комо. Неколку села се отсечени, а надојдената вода носеше автомобили.
Во истиот регион пред пет дена имаше поплави и свлечишта предизвикани од обилните дождови.