Во најсиромашните земји во светот степенот на вакцинација е на очајно ниско ниво

Од:

Лидерите на Светската здравствена организација, Светската трговска организација, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка колективно ги повикаа производителите на вакцини против Ковид-19 да им дадат приоритет на испораките за посиромашните земји.

Во заедничката изјава, тие рекоа дека земјите што се многу напредни во вакцинирањето против болеста треба брзо да обезбедат дози во корист на помалку просперитетните нации.

„Во областа на вакцините, клучно ограничување е акутниот и загрижувачки недостиг на испорака на дози за земјите со низок и низок среден приход, особено за остатокот од 2021 година. Ги повикуваме земјите со напредна програма за вакцинација против Ковид-19 да пренасочат што е можно поскоро од договорените дози на вакцини и опции за Ковакс, АВАТ (Африкански фонд за вакцини) и за земји со низок и среден приход“, се вели во Изјавата.

Четирите меѓународни агенции формираа комбинирана работна група за вакцини, терапија и дијагностика за Ковид-19 за земјите во развој за да ги идентификуваат и отстранат бариерите за производство.

Повеќе од четири милијарди дози вакцини против Ковид-19 се веќе администрирани ширум светот. Во земјите категоризирани од Светска банка како држави со високи приходи, беа инјектирани 98,2 дози на 100 луѓе. Таа бројка изнесува 1,6 на 100 во 29 земји со најниски примања.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски