ВИДЕО: Кафез на глава како метод за одвикнување од пушење

Од:

Не се вели залудно „пуши како Турчин“ – оваа изрека совршено се однесува на Ибрахим Јуџел, кој до неодамна пушел две кутии цигари на ден.

Кога пред неколку дена одлучил да ги остави цигарите, овој 42-годишен Турчин од провинцијата Китаја, на западот на земјата, избра крајно необична и прилично радикален метод – да ја „зароби“ главата во кафез.

За да не падне во искушение да запали цигара, клучевите од кафезот им ги дал на жената и на ќерката на чување.

Според „Хуриет“, во изработка на кафезот, кој личи на вистинска справа за мачење, Јуџел го инспирирале заштитните шлемови на возачите на мотоцикли.

Во обид да објасни зошто се одлучил на ваков чекор, весникот напоменува дека на Јуџел ова не му е прв обид да се ослободи од тутунот и го наведува фактот дека неговиот татко пред неколку години починал од рак на белите дробови.

Овој метод засега дава резултати – ниту после 48 часа откако на главата навлекол кафез, не испушил ниту една цигара.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

A1on

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

СЗО им објави „војна“ на електронските цигари

Жарко Настоски

Пушењето значи поголема опасност при зараза со Ковид-19

Македонците се најжестоки пушачи во регионот и Европа и меѓу првите десет во светот