Околу 270 Палестинци повредени во судирите со израелската армија

Од:

Во текот на вчерашните протести во Западен Брег поради израелската колонизација повредени се околу 270 Палестинци.

Најмногу повредени се во Беита, во близина на Наблус, каде што израелската армија редовно е во судир со жителите кои протестираат од средината на мај против изградбата на дива еврејска населба.

– Повеќето од жртвите се повредени од вдишување солзавец, педесетина се ранети од гумени куршуми, а седуммина со боева муниција, соопшти Црвена полумесечина.

Според израелската армија, околу 150 Палестинци фрлале камења и запалени гуми кон војниците, кои возвратиле со „средства за растурање на демонстрации“ и истрели.

Според Црвена полумесечина во слични судири минатата недела повредени биле 320 лица, од кои најголемиот број од вдишување солзавец.

Судири имаше и во Беит Омар, на погребот на 20-годишниот Палестинец. Тој им подлегнал на повредите здобиени претходниот ден во сличен судир со израелските војници на погреб на 12-годишното палестинско момче.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ