На интернет се појави фотографија за која се претпоставува дека го прикажува задниот дел од новата генерација „Мазде 3 Седан“.
Иако се уште со сигурност не може да се потврди дека е во прашање автентична официјална фотографија, бидејќи е можно да е и само вешто направен компјутерски генериран рендер, извесно е дека „Мазда“ наскоро ќе ја претстави и лимузинската верзија на новата „тројка“.
Според до сега достапните информации што ги објави јапонската компанија, автомобилот ќе има најмал коефициент на отпор на воздухот во својата класа и тој ќе изнесува 0.255, а како и кај Хетчбег моделот и „Мазда 3 Седан“ ќе биде опремена со i-ELOOP регенеративниот систем за кочење.
Што се однесува до погонските аграгати, тие би требало да бидат преземени од новата „Мазде 3 Хетчбег“. Станува збор за 1.5 литарскиот бензинец со 74 KW/100 кс, 2.0-литарскиот бензински мотор што во послабаата верзија развива 88 KW/120 кс, а во посилната, со iELOOP системот, 121 KW/165 кс, како и 2.2-литарски дизелаш со 110 KW/150 кс.