Тетовската полиција фати диви тркачи на автопат и им заплени 14 коли

Од:

Доцна синоќа, во периодот од 00.30 до 01.30 часот, тетовската сообраќајна полиција, по претходно добиени информации дека на автопатот Скопје-Тетово, односно од бензинска пумпа на автопатот до влез на Тетово кај клучка север, ќе бидат организирани диви трки со возила, открилa 14 патнички возила со тетовски и странски регистарски таблички, кои биле привремено задржани во полициска станица.

„Во текот на денешниот ден возилата биле упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив биле констатирани технички неисправности, од кои 2 биле за поголема бучавост од дозволеното и биле конфискувани во траење од три месеци. Сите неисправни возила веднаш биле исклучени од сообраќај, а против нивните возачи се поднесени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со казна од 400 евра во денарска противвредност“, велат од полицијата.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните, односно по младата генерација, дека организирање на диви трки со возила е ризично и опасно за нив и другите учесници во сообраќајот и дека секое постапување спротивно од законот ќе биде соодветно санкционирано.

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните