Се влошува состојбата во Србија – над 300 нови случаи на Ковид-19

Од:

Според последните информации, во Србија во последните 24 часа се потврдени 332 новозаразени со коронавирусот, од вкупно 9.709 тестови.

Во изминатото деноноќие нема починати пациенти.

Во земјата во моментов се хоспитализирани 357 пациенти, од кои 11 се на респиратор.

Вкупно 7.108 луѓе досега починаа од Ковид-19 во Србија, а заразени се над 720.000.

Епидемиологот и членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, денеска изјави дека според законот, постои можност да се наложи задолжителна вакцинација на возрасните луѓе во земјата.

Сепак, тој додаде дека лично не се залага за задолжителна вакцинација, како и дека мисли оти тоа не е потребно во моментов.

„Но, сум за задолжителна вакцинација на оние кои тоа мораат да го направат од морални причини, поради професијата што ја работат“, рече Кон, спомнувајќи ги здравствените работници.

Би можело да ве интересира

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он