МАНУ и косовската академија ќе ја интензивираат соработката

Од:

Македонската и косовската академија на науките и уметностите при крајот на септември ќе потпишат спогодба за соработка, а планирано е да биде потпишан и конкретен протокол за соработка.

Ова е договорено на денешната средба во Скопје меѓу раководствата на двете академии предводени од претседателите Владо Камбовски и Хивзи Ислами.

Академик Камбовски по средбата изјави дека протоколот ќе опфати соработка на научно-истражувачки проекти, организирање на научни конференции и соработка на планот на уметничките активности како што се изложби и промоции на книги.

– Најважно е дека денеска разговаравме со нашите пријатели со кои делиме потполно идентични мислења дека улогата на двете академии е да ги надминеме предрасудите што постоеле меѓу нашите општества и да ги отвораме патиштата на науката, културата и уметностите за разбирање, дијалог и пријателство меѓу нашите народи како влог во заедничката иднина, а тоа е Европската унија, изјави Камбовски по средбата со неговиот косовски колега.

Би можело да ве интересира

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски