Мијалков задржан во „Систина“ откако се пожалил на болки во стомак

Од:

Поранешниот директор на УБК и притвореник Сашо Мијалков ќе биде задржан во приватната клиника „Систина“, откако бил однесен поради поплаки дека има болки во стомакот. Тој ќе преноќи таму за да му се направат прегледи на абдоменот, по што ќе се одлучи дали ќе се третира во болница или ќе се лекува во затворот „Скопје“ во Шутка. Директорот на затворот, Филип Андов, за „А1он“ вели дека Мијалков се нема пожалено кај домскиот доктор на проблеми со здравјето, за да добие соодветен третман.

„Се нема пожалено кај домскиот лекар, го нема ниту прегледано. По барање на одбраната до судија на претходна постапка е тој е однесен на прегледи во приватна клиника“ вели Андов.

Ова е втор пат како во еден месец Мијалков бара да биде однесен на прегледи во болницата „Систина“. Првиот пат се жалеше на проблеми со очите, печење и црвенило. Тогаш, не беше задржан и откако му беа направени прегледи беше веднаш вратен во затворот.

Ексдиректорот Мијалков беше спроведен во затворот во Шуто Оризари на крајот на февруари откако му беше изречена казна затвор од 12 години за масовното прислушување, односно судскиот процес „Таргет – Тврдина“. Притворот му беше продолжен сè до пресудата за судскиот процес „Трезор“ за набавката на опремата за нелегално прислушување каде што обвинителите одново побараа притвор за Мијалков сè до правосилност на пресудата. За случајот „Трезор“ Мијалков доби казна затвор од 8 години, која сè уште не е правосилна. Вкупно, за двата предмети, Мијалков има 20 годишна затворска казна која не е правосилна. Последно, тој доби ослободителна пресуда за предметот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошковски.

Би можело да ве интересира

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник