Во Кичево изгоре „Пасат“ со странски таблички

Од:

Доцна синоќа на улицата „Драге Карбуничанец“ во Кичево изгоре автомобил марка „Фолксваген Пасат“ со странски регистарски ознаки. Од пожарот, предизвикан од непознати причини, нема повредени лица, соопштија локалните пожарникари.

-Рано утринава во 00.50 часот на улица „Драге Карбучанец“ опожарено е патничко моторно возило со странски регистарски ознаки. Во време на пожарот возилото било празно и нема повредени лица. Со интервенција на екипа од ТППЕ Кичево, пожарот е изгаснат и спречено е негово натамошно ширење, информира Горан Соколески, командир на Територијалната противпожарна единица од Кичево.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он