Невалидни се измерените вредности на ПМ10 и ПМ2,5 суспендираните честички на aвтоматската мониторинг станица за квалитет на aмбиентен воздух во Кичево, кои пред кратко време се појавија како резултат на стабилизација на мерните инструменти по настанати неколку краткотрајни прекини со напојување со електрична енергија во различни часовни интервали во периодот од 11:00 до 14:00 часот, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
– Притоа, настанат е прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух, вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартирани, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички се случија поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни, прецизираат од МЖСПП.