ВИДЕО: Аеродром добива ново сообраќајно решение – почна пробивањето и изградбата на „Васко Карангелески“

Од:

Градоначалникот Шилегов денеска одржа прес- конференција на улицата „Васко Карангелески“ каде што почнаа градежните работи за негова реконструкција и изградба на потегот од булеварот „Јане Сандански“ до булеварот „Трета македонска бригада“ во скопската општина Аеродром.

– Градот Скопје денеска во општина Аеродром започнува со изградба и пробивање на улицата Васко Карангелески и реконструкција во делот каде што таа веќе е изведена. Станува збор за потег што е крајно неопходен за жителите на овој дел на општина Аеродром имајќи во предвид дека во минатото интензивно се градеше на делот на воените бараки и кај касарната Гоце Делчев, а граѓаните коишто живеат овде ја немаат потребната комуникација, кажа Шилегов.

Како што информира Град Скопје, делот од булеварот „Јане Сандански“ до улица „Владимир Комаров“ ќе биде целосно реконструиран, додека на потегот до булеварот „Трета македонска бригада“ ќе биде изведено целосно ново булеварско решение со по две коловозни ленти во правец, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот.

– Со изведбата на оваа улица ќе дојде до конекција на Трета македонска бригада и булеварот Јане Сандански, меѓутоа така го овозможуваме и влезот на граѓаните од Лисиче на овој дел од општина Аеродром на новиот мост којшто се гради кај хотел Русија, со што им овозможуваме брза и лесна комуникација на граѓаните од овој дел на општината и од овој дел на градот, рече Шилегов.

Тој додаде дека Градот Скопје подолжува и понатаму да работи на развојот на сообраќајната инфраструктура во скоро сите скопски општини, како и на изнаоѓање одржливи сообраќајни решенија што ќе ја зголемат ефикасноста на градскиот сообраќај.

-Им благодарам на граѓаните за трпението додека траат градежните работи затоа што работиме за тие во блиска иднина покомотно живеат во нашиот град– изјави Шилегов на денешната прес-конференција.

Вкупната вредност на проектот е 71,6 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е 18 месеци, информира Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија