Филипче: Мал е процентот на заболени лица од Ковид-19 кои се ревакцинирани

Од:

Процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е навистина многу мал, околу 0,02 проценти. Од вкупно 330 илјади ревакцинирани, 92 пациенти се заболени од Ковид-19. Ова е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој испрати апел сите граѓани да знаат и да се свесни дека вакцинирањето е единствен начин да се смени сликата за пандемијата.

Министерот денеска посочи дека прилично добро се одвива целокупниот процес на вакцинација. Денеска се очекува да се надмине бројката од 500 илјади вакцинирани лица, со најмалку една доза, а над 330 илјади се веќе ревакцинирани.

-Значи следниот период очекуваме да до крајот на август сите 500 илјади кои се вакцинирани со една доза бидат ревакцинирани, изјави денеска Филипче во одговор на новинарско прашање по настанот на Клиниката за ортопедија.

Во однос на теренската вакцинација, Филипче посочи дека добро се одвива, посочувајќи дека околу 200 илјади лица се вакцинирани од почетокот до сега. Како што додаде, просечната бројка на вакцини со прва доза изминатиов период на ден изнесува помеѓу 3 и 5 илјади, некаде околу 30 илјади изминатите две недели

-Во таа смисла, веќе во месец август, согласно кадарот што е во здравствените домови ќе продолжи да се вакцинира само во вакциналните пунктови, во рамките на здравствените домови, останува да функционира салата во Тетово и Струмица, целокупниот друг процес ќе се одвивава во пунктовите во здравствените домови и теренската вакцинација која што продолжува по системот на ротација, рече Филипче.

Тој напомена дека во август ќе продолжат со интензивна кампања и со теренската вакцинација, но и по повиците во рамки на Министерството за образование и наука да бидат вакцинирани вработените во училиштата и градинките, затоа што, како што рече, тоа се најкритичните и најбитните сектори за да почнат градинките и училиштата нормално да работат од месец септември.

Во источниот дел на државата, Филипче рече дека постои мал опфат на вакцинација, а прилично е висок во Охрид и во Битола. Како што рече, околу 60 проценти од вкупното население во државата над 65 години, е веќе вакцинирано. Вакцинирани се околу 630 деца под 18 години од кога почна повикот за вакцинација.

– Кампањата силно ќе се интензивира особено по 14 август, преку нашето Министерство за здравство, преку Делегацијата на ЕУ, преку Владата и преку УНИЦЕФ, со цел да се подигне опфатот на вакцинацијата. Луѓето кои се на терен по руралните места и докторите и медицинските сестри јасно ги бележат местата каде се спроведува таа вакцинација. Јасно се става до знаење на жителите на тие места каде се спроведува, рече министерот Филипче.

Тој напомена и дека добро се менаџира целокупниот процес во пунктовите во здравствените домови.

-Се враќаат луѓето на своите работни места и чекавме да помине оној масовен прилив на граѓаните за ревакцинација, поради тоа што таму беа вакцинирани, па мораше истите места да бидат за ревакцинација, со цел да не се створат гужви. Меѓутоа и понатаму вакцинацијата без закажување се одвива во здравствените домови, додаде тој.

Филипче појасни дека не очекува пореметување или голема гужва во системот за ревакцина. Посочи дека се подготвени да интервенираат, но засега смета дека сосема е доволно вакцинацијата да се спроведува во здравствените домови.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски