Холандскиот ветеран Рожер е првиот тенисер позитивен на коронавирусот во Токио

Од:

Холандскиот тенисер Жан – Жулиен Рожер го откажа настапот на Олимписките игри во Токио во конкуренција на двојки поради позитивен тест на коронавирус

39-годишниот Рожер, кој е специјалист за натпреварите во дубл, заедно со партнерот Весли Кулхоф беа назначени за осми носители во конкуренција на двојки, а во првото коло ги совладаа Белгијците Сандер Жил и Јоран Влиеген со 6:3, 7:6.

– За жал, докторот ме повика денеска за да ми соопшти дека мојот тест е позитивен. Немам зборови, направив се што можев за да не се заразам и навистина не знам како се случи тоа, изјави Рожер, кој е првиот спортист позитивен на Ковид-19 на олимпискиот тениски турнир и вкупно шести заразен член во холандската делегација.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ