Центар за мажи жртви на семејно насилство е отворен во австралиската држава Квинсленд, јавија локалните медиуми.
Организацијата „Sheltered By Grace“, која им помага на бездомниците, објави дека ќе ги поддржува сите мажи постари од 25 години кои се нашле во „тешка животна ситуација“.
Засолништето им обезбедува привремен престој на барателите за да им помогне да избегаат од жестокиот однос на кој биле подложени дома и да се вратат во нормален живот.
Програмата за помош вклучува неделни групни дискусии и учество во црковни служби. Многу од луѓето кои ги бранат интересите на жртвите на семејно насилство потврдуваат дека ова е прва ваква организација во државата.