Претседателот на Боливија ја повика Европа да се ослободи од САД

Од:

Претседателотна Боливија Ево Моралес го означи како „провокација кон Латинска Америка“ пренасочувањето на неговиот лет над Европа, при враќањето од Москва, поради сомневањата дека поранешниот соработник на ЦИА и НСА Едвард Сноуден се наоѓа во авионот.

Тој ги повика европските држави да се ослободат од САД.

Претседателскиот авион со кој Моралес се враќаше од посетата на Москва, синоќа слета во Ла Паз, по непланираниот 14-часовен престој во Виена.

Според боливиската Влада, Франција, Шпанија и Португалија не му дале дозвола на авионот да мине низ нивниот воздушен простор, принудувајќи го да слета во Австрија. Претставници на боливиските власти тврдат дека зад инцидентот стојат САД.

– Тоа беше отворена провокација кон целиот континент, не само кон претседателот. Тие го искористија агентот на северноамериканскиот империјализам, за да ни е закануваат, рече Моралес пред стотина приврзаници, кои го пречекаа на аеродромот во Ла Паз.

– Жалам што морам ова да го кажам, но некои европски земји треба да се ослободат од северноамериканскиот империјализам, изјави претседателот на Боливија.

Би можело да ве интересира

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он