Патињо: САД доставија официјално барање за екстрадиција на Сноуден

Од:

Еквадор ќе го разгледа официјалното барање од САД за екстрадиција на поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, изјави еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патињо.

– Добивме официјално барање и ќе го разгледаме внимателно, изјави тој. Патињо нагласи дека досега барањето на САД за предавање на Сноуден било изнесувано само во неофицијални разговори.

Министерот истакна дека Вашингтон не се согласил на барањето на Кито за екстрадирање на лица, обвинети за злосторства од локалното судство. Патињо нагласи дека тој на трипати бил одбиван од американските власти за екстрадирање на браќата Роберто и Вилијам Исаисас, поранешни сопственици на банката „Филанбанко“, обвинети за финансиски криминал во својата земја.

– САД имаат право да не го почитуваат принципот на реципроцитет во однос на екстрадицијата, па и ние имаме право да дејствуваме како што сметаме дека е потребно, преземајќи суверено решение, изјави Патињо.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска