Два компјутерски вируса меѓусебно се надополнуваат

Од:

Два компјутерски вируса, кои меѓусебно соработуваат, се покажале како многутешки за отстранување од заразените персонални компјутери, тврди „Мајкрософт рисрч“.

Овие два вируса оневозможуваат нивно целосно отстранување, бидејќи постојано меѓусебно ги симнуваат новите верзии на партнерот. Новите верзии главно им се непознати на анти-вирус програмите и на тој начин се дозволува нивното постоење.

Кога се наоѓаат на компјутерот, вирусите им овозможуваат на крадците да ја преземат машината, со цел да биде искористена за собирање податоци или напад на други компјутери.

Блиската врска меѓу двата вируса ја открил истражувачот на Мајкрософт Хјун Чои. Тој изјави дека двата вируса на Виндоуз, познати како Вобфус и Бибон, обично се наоѓаат заедно.

Вобфус прв стигнува до машините, а потоа ги користи бројните тактики да ја инфицира жртвата. Овој вирус може да се инсталира низ минираните линкови на веб страниците.

Кога ќе се инсталира, тој потоа го симнува Бибон, кој потоа го вклучува компјутерот во ботнет – голема мрежа на заразени машини.

Потоа, двата вируса почнуваат да соработуваат и редовно ја симнуваат новата верзија на другиот.

– Во случајот со Вобфус, дури и кога е откриен и отстранет, тој можеби симнал недетектиран Бибон, кој потоа може повторно да симне недектирана верзија на Вобфус, тврди Чои.

Победувањето на овие два вируса е многу тешко, бидејќи Вобфус е многу добар во движењето низ мрежата.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска