Група студенти од Индија, меѓукои еден 17-годишник, ги победи големите компании како „Епл“, „Гугл“ и „Сони“, претставувајќи го првиот „паметен часовник“ во светот.
Часовникот е наречен „Андроидлу“, а уредот има вграден Блутут, ГПС, Ви-Фи и камера. Содржи 16 ГБ меморија и располага со слот за СИМ картичка. Уредот чини 170 евра.
Иако, „Сони“ веќе претстави часовник што може бежично да се поврзе со смартфон, „Андроидлу“е прв паметен часовник што располага со целосно интергриран оперативен систем и СИМ картичка. „Андроидлу“ работи на стариот Андроид оперативен систем 2.2 и има екран од два инчни, како и камера од 2 мегапиксели.
Уредот располага со звучник, камера и микрофон, а може да се користи и за чување податоци преку УСБ и полнење на други мобилни уреди.
„Андроидлу“ е дело на четворица индиски студенти. Уредот може да се нарача преку Интернет во бела или црна боја, а чини 170 евра.