Мицкоски се сретна со американската амбасадорка, ѝ пренесе дека е загрижен од корупцијата во власта

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес заедно со секретарот за меѓународна политика на партијата, Тимчо Муцунски, остварија средба со амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според најголемата опозициска партија, на средбата се разговарало за „актуелните случувања и предизвици важни за државата“.

„Како акутен проблем од страна на Мицкоски беше посочен високиот степен на корупција и криминал присутна во највисоките структури на власта“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ја посочил и „злоупотребата на европското знаменце како што е законот со кој се дозволува извоз на цвет од марихуана каде се штити директно бизнис интереси на врвот на власта“.

Околу спорот со Бугарија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја истакнал потребата за прифаќање на резолуцијата која е во собраниска процедура и која ги содржи црвените линии во насока на заштита на идентитетот, јазикот и историјата. Мицкоски ја истакнал и потребата за реформи во повеќе области, како и проблемите поврзани со економијата, како што е невработеноста, растечката сиромаштија и рушење на стандардот.

„Соговорниците ја потврдија заложбата за развивање на соработката и посветеноста кон реализација на стратешките интереси“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на универзитетот на Мерко?!

(ВИДЕО) Мицкоски: Енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации, енергетиката е срцето на економијата

Мицкоски: Негласањето не опција и начин да се изрази незадоволството

Мицкоски: Во недела масовно да излеземе на избори, да го заокружиме бројот 9 за Тони Тоневски и за развој на Пробиштип, седењето дома е најлошата опција

Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е краток и за да се цени работата на Владата

Мицкоски е во шок од изборниот резултат, велат од СДСМ