Србија: Тројца починати и ист број новозаразени како вчера – 228

Од:

Во Србија во изминатите 24 часа се потврдени 228 нови случаи на Ковид-19, а во земјата во тој период починале тројца пациенти, соопштија здравствените власти.

Во изминатото деноноќие се направени вкупно 8.969 тестови.

На респиратор се 11 пациенти во српските болници, информира Министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата, во Србија од Ковид-19 починале 7.095 луѓе, а регистрирани се 719.642-ца заразени.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада