Две дози од вакцините „Фајзер„ или „Астра зенека“ против Ковид-19 се ефикасни против високо преносливиот делта-сој на коронавирусот, како и против досега доминирачката Алфа варијанта, се вели во истражувањето, објавено во New England Journal of Medicine.
Според студијата, две дози од вакцината на „Фајзер“ имаат делотворност од 88 проценти во спречување симптоматско заболување против делта-сојот. Фајзер имаше делтоворност од 93,7 проценти против алфа варијантата.
Втора доза вакцина на „Астра зенека“ обезбедува 67 проценти заштита протв делта-варијантата, оваа вакцина заштитуваше 74,5 проценти од алфа сојот.