ВИДЕО: Со клоци удираше девојка сред Куманово, па беше натепан со боксови и бараше помош

Од:

Млад дечко со шутирање, крвнички натепа девојка во Куманово. Снимките од настанот кој се случил во градот се објавени на социјалните мрежи. На нив се гледа како дечкото се враќа и силно го удира девојчето, а потоа го турка и не ѝ дозволува да си отиде. Снимката трае 23 секунди, а потоа е објавено и уште едно видео.

Од второто видео се гледа како друго машко лице го натепува дечкото кој ја малтретираше девојката. На снимката се гледа како тој трипати удира по насилникот со тупаница, а тој извикува за помош.

Полицијата соопшти дека СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката.

Околу случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по негово документирање, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Приведен психијатар осомничен за злоставување и дрогирање малолетници

Предраг Петровиќ

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Започната е за истрага за тројца малолетни насилници кои тепаа познаници во училишен двор во Сарај

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник