Педесет години по првиот „Москвич“ во фабриката во Ловеч се очекува и првиот електромобил

Од:

Педесет години по производството на првиот „Москвич“ во Ловеч, се очекува првиот електричен автомобил. На терени на познатата фабрика „Балкан“ за производство на руските автомобили стапува германска компанија, која планира да ја продолжи традиција, почната уште во текот на 60-те години на минатиот век. Малкумина се сеќаваат дека италијанските автомобили „Фиат“ се склопуваа во претпријатието Ловеч, а историјата на фабриката почна од Државната фабрика за авиони.

Продолжувањето на традициите во автомобилската индустрија во Ловеч се дискутираше и овој месец, кога привремениот министер за економија, Кирил Петков, потпиша меморандум со германската компанија Next.eGO за изградба на електрични автомобили во земјата. Таа ќе се наоѓа на локацијата на фабриката „Балкан“ во Ловеч. Со тоа, градот на јоргованите се очекува повторно да стане центар на автомобилската индустрија и да продолжи со традицијата, изјави за БТА, Ганчо Ганев, раководител на одделот „Нова и понова историја“ во Регионалниот историски музеј во Ловеч.

Според него, фабриката „Балкан“ е можеби единствената компанија во Бугарија што го започна своето постоење во рамките на Кралството Бугарија, го продолжи својот развој во Народна Република Бугарија и по демократските промени, што настапија во земјата.

Историјата на фабриката „Балкан“ почна како фабрика за авиони

Историските факти покажуваат дека во 1939 година, со декрет на цар Борис III, почнало дизајнирање на фабрика за авиони.

-На почетокот на постоењето на фабриката, прво во неа се ремонтирале авиони, за време на Втората светска војна. Потоа, во неа имаше производство на авиони, а првите структури развиени тука беа од бугарски дизајнери, изјави за БТА, Дарина Тодорова, извршен директор на „Балканвело“АД, едно од денешните компании на фабриката „Балкан“.

Ганчо Ганев додава дека самата централа е изградена од полски инженери и првиот авион што е изграден во единствената бугарска државна фабрика за авиони е „ДАР-9“. Исто така, се правел и авионот „АВИА-135“, што, според некои истражувачи, учествувал во воени дејствија.

-Фабриката за авиони заживеа кога почна производството на авионот „ЛАЗ-7“, исклучително добар авион за своето време. Благодарение на неговите технички квалитети, бугарската армија беше вооружена со такви машини. Бидејќи овој авион имаше проблем со моторот, беше заменет со “” ЛАЗ-7 M ” или ” ЗАК-1 “, не само со нов прототип, туку и целосно нов авион, изјави кустосот на музејот.

Производството на авиони траело од 1941 до 1954 година. Следувал периодот во кој се развило социјалистичкото општество и до 1960 година се произведувале главно земјоделски машини, како што се косилки, мотори за молзење млеко и др. Според Ганев, бидејќи Бугарија, во рамките на Варшавскиот пакт, одлучила да го прекине производството на авиони, потребите на фабриката и неговите техничари биле насочени кон производство на автомобили.

Првиот лесен автомобил „Балкан“ бил рачно изработен прототип

Првиот балкански автомобил беше рачно изработен прототип, направен во 1960 година. Остана само на хартија и не можеше да се произведе. За да се искористи техничкиот персонал, почнаа да се прават моторни возила со две тркала, што е една од препознатливите марки на самата фабрика.

-Потоа почна трансформацијата кон индустријализација, со првите велосипеди и мопеди произведени во 1957 година. Некои од нив сè уште се интересни за фан-клубовите, а некои се уште се во движење, објасни Тодорова.

Музејскиот експерт додаде дека покрај моторите од 250 кубика, фабриката произведувала и мотори од 70 и 50 кубика.

-Нашиот музеј чува една ваква изложба со подвижна културна вредност – мотор од 50 кубни метри, што е веројатно единствената изложба во Бугарија. Другите возила со две тркала се велосипеди. Нашиот музеј чува и три модела – машки, женски и детски, додаде Ганев.

Најголемата гордост на фабриката е склопувањето на моделите на „Фиат“

-Производството на автомобили во градот Ловеч почна по потпишувањето договор со италијанскиот производител „Фиат“ на 3 март 1967 година. Тие воведоа многу модерна опрема во оваа фабрика. Интересно е што првите модели што дојдоа во Бугарија се од два типови – „Фиат 124“ Берлин и Фијат 850 “. Тие имааа диск сопирачки, а не добоши, што тогаш беше нешто многу модерно. Квалитетот на овие автомобили беше исклучителен, рече Ганев.

Според него, првите 18 автомобили пристигнале во фабриката „Балкан“ на 10 мај 1967 година. Набргу по совладувањето на монтажата, била донесена одлука за избор на бугарско име за италијанските автомобили што ќе излегуваат од фабриката во Ловеч. Тие неофицијално биле наречени „Пирин“, иако натписите на италијанската компанија врз каросеријата останале непроменети.

Во 1971 година, меѓутоа, истекол петгодишниот договор со „Фиат“, што не беше обновен. Последниот склопен автомобил, според овој договор, беше „Фиат 850“, што ја напушти монтажната линија на фабриката во Ловеч во септември 1971 година. За време на периодот 1967-1971 година, во Бугарија беа склопени вкупно 758 единици на „Пирин-Фиат“. Триста од нив се „Фиат 124“ -Берлина“ и „Фиат 124“- караван.

Фабриката во Ловеќ се ориентира главно кон производството на „Москвич“

Откако беше запрена монтажата на италијанскиот автомобил, по упатство на Советот за взаемна економска помош, фабриката во Ловеч се фокусираше главно кон производството на „Москвич“.

Монтажата на овие автомобили почна откако есента 1965 година меѓу Бугарија и СССР беше потпишан договор за економска соработка за периодот 1966-1970 година.

Според него, до крајот на 1968 година фабриката „Балкан“ требаше да биде целосно опремена и подготвена за годишна монтажа на 15.000 автомобили „Москвич 408“.

Италијански машини производуваат руски автомобили

-Музејот чува многу интересна фотографија – производството на „Фиат 124“ и по неколку години на точно истото место, и на истата производна линија се појавува „Москвичот“. Така, со италијанските машини веќе се произведуваат советски автомобили. Потребите на фабриката се исти, но сега произведените автомобили се со малку понизок квалитет и во однос на карактеристиките на моќниста на моторот и на каросеријата. Добрата работа кај „Москвичот“ беше што е поевтина, но и посилна. Тој имаше многу модели, завршувајќи во 1991 година, бидејќи во Москва фабриката за автомобили престана да постои и немаше како да се испраќаат делови што треба да се склопат тука, рече Ганчо Ганев.

Според него, првично инсталацискиот капацитет на централата бил релативно скромен. Во 1967 година, во Ловеч биле монтирани 564 „Москвичи“, но во 1968 година веќе беа склопени 2.500, а годишниот раст на производството постепено се зголемуваше и до 1972 година достигна 8.000 единици. Ова количество го одредуваше снабдувачот и беше под можностите на фабриката. Во тоа време веќе активно се разгледуваше прашањето за можно производство на разни делови од „Москвич“ во Ловеч, но идејата никогаш не беше реализирана, додаде кустосот.

По 1974 година, бројот на комплети за „Москвич“ увезени од СССР беше утврден на 15.000 годишно, што остана во сила до крајот на 80-тите години на минатиот век. По 1976 година, беше усвоена монтажата на новата рестилизирана серија “Москвич 2138/2140“ со мотори од 1360/1500 кубика, која ги наследи моделите „408“ и „412“. Во периодот 1988-1990 година во Ловеч пристигнаа последните три серии од 10 -12.000 комплети за „Москвич 2141“, по што конечно беше раскинат договорот.

Фабриката беше социјачна структура – со дестска градинка

-Оваа фабрика не беше само структура за машини и производство на опрема, туку и социјална структура. Имаше градинка, менза и сл. Целиот комплекс „Здравец” беше изграден само за работниците во претпријатието. Само леб и егзистенција за работниците, но и чувство на сигурност и гордост што работат во фабриката „Балкан“, рече Ганев.

Производството денеска продолжува

Фабриката се состои од две компании „Балканвело“ АД и „Балкан“ АД. Ивајло Стојанов, извршен директор на „Балкан“ АД, вели дека во 1970-тите фабриката специјализирала производство на делови за автомобили и мотори, а од 2000 година се произведуваат и камиони и електрични камиони. Во моментов, компанијата ја продолжува традицијата и произведува хидродинамички предаватели, погонски оски и управувачки оски за монтирање во електрични и камиони, како и широк спектар на резервни делови за камиони.

Ние сме специјализирани за обработка на разни видови челици, легури, обоени метали, леење на алуминиум, леано железо. „Балкан“ исто така произведува широк спектар на метални производи, ние исто така работевме за воено производство. „Балканвело“ е специјализирана во производството на велосипеди и резервни делови за нив. Двете компании успешно ја надминаа пандемијата и ние сме оптимисти за иднината, рече Стојанов.

Во двете компании работат околу 200 лица. „Балкан“ успешно ги продава своите производи на локално ниво, но се извезува во Русија преку клиенти. Дури 90 проценти од произведените велосипеди одат во Европа, остатокот се продава во Бугарија, додаде Ивајло Стојанов.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска