Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита

Од:

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита.

Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живеалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција.

Согласно Решението за привремена заштита на Студенчишко Блато, за времетраењето на тоа решение, нема да се спроведуваат активности од постоечкиот ГУП на градот Охрид во делот на Урбана Заедница – УЗ 17, Урбан блок-У.Б 17.1, како и изработка и донесување на урбанистички планови и проекти, урбанистички проекти за партерно уредување на просторот, спроведување на постапка за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, спроведување на постапка за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, одлагање на шут и комунален отпад, употреба на хемиски заштитни средства и минерални ѓубрива за земјоделски активности.

Освен ова, за време на привремената заштита, нема да се доделуваат нови или продолжуваат постоечките концесии согласно прописите за концесии и јавно приватно партнерство, прописите за градежно земјиште, како и прописите од областа на лов и риболов и проширување или изградба на нови патишта, информираат од Канцеларијата за комуникација со јавност на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

„Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Чоловиќ Лешоска за прогласувањето на третото Рамсарско подрчаје: Да се стави крај на загадувањето и непланската урбанизација

Изготвена студијата за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата

Жарко Настоски

Студијата за валоризација на Студенчишкото блато, прв чекор кон негово прогласување за заштитено подрачје

А1он

Студенчишко блато наскоро ќе ја добие заштитата како интегрален дел од Охридското Езеро

Ана Ололовска

Предлог-проект за заштита и туристичка валоризација на Студенчишко Блато

Ана Ололовска