Владата презадоволна од растот на просечната плата: Скокнала за 100 евра од пред четири години

Од:

Просечната исплатена нето плата во државата континуирано расте, се пофали денеска Владата со последните податоци на Државниот завод за статистика, за мај годинава, кога според државните пресметки, просечната плата достигнала 28.721,00 денари. Ова е зголемување од 8,8% во споредба со истиот месец лани, а износот на просечната плата во пандемиската 2020-та се зголемил за 2.331,00 денари, велат од Владата.

„Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата. Доколку последниот податок го споредиме со јуни 2017 година кога просечната плата била 22.808,00 денари, разликата е 5.913,00 денари, или тоа е раст од 25,93%“. Ако пак ја земеме просечната плата од јуни 2017 година и ја споредиме со јули 2013 година кога изнесувала 21.013,00 денари, согледуваме дека растот на платата бил 1.795,00 денари, или раст од само 8,54%, се вели во владиното соопштение.

Според ДЗС, растот на просечно исплатената плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29.0 %); Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28.7 %) и Други услужни дејности (14.4 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.0 %); Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.5 %) и Снабдување со вода; Отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5.3 %)“.

Топ три сектори со највисока просечна исплатена нето плата по вработен во државата се: Информации и комуникации; Финансиски дејности и дејности на осигурување, како и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Просечната нето плата во септември 41.585 денари

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски