Жена загина на патот Прилеп-Кичево откако во неа удри „фолксваген шаран“

Од:

Во сообраќајка на регионалниот пат Прилеп-Кичево патничко возило удрило во 31-годишна жена, која била однесена во Општата болница Прилеп, каде била констатирана смрт, информира МВР.

– На 19.07.2021 во 20.50 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Кичево, на место викано „Гранит“ кај с.Суводол-Македонски Брод, патничко возило „фолксваген шаран“, со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од С.П.(64) од Македонски Брод, удрило во Е.З.(31) од с.Брест-Македонски Брод, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата Е.З. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка кај струшкото село Радожда

Тешко повреден пензионер од Скопје, возачот избегал од местото на несреќата

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани

Горан Наумовски

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ