(ВИДЕО) Костадинов: СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани

Од:

„СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани. Сe укина дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена“, кажа Костадин Костадинов портпарол на СДСМ и пратеник.

„Целта на оваа мерка е да се заштити стандардот на граѓаните преку утврдена варијабилна акциза која зависи од цената на светската берза. Со измените што се направени во Законот за акцизите во април годинава се осигуравме да нема висок раст на цените на горивата, така што ставивме варијабилна маргина која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза. Односно, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува што ќе влијае на крајната цена на горивата кај нас.

Според законското решение дополнителната акциза од три денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари за тон, ако е помеѓу 390 и 590 долари за тон дополнителната акциза изнесува 2 денари и ако е над 590 долари за тон тогаш дополнителната акциза е 0 денари, односно се укинува.

Кај дизел горивото е предвидена дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 долари. Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена за дизелот кога на светската берза е меѓу 400 и 600 долари и доколку цената на светската берза е над 600 долари таа изнесува 0 денари.

Условите за укинување на дополнителната акциза кај дизел горивото се исполнети за што Регулаторната комисија за енергетика вчера ја донесе одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтени деривати и горива за транспорт. Претходно беа исполнети и условите за укинување на дополнителната акциза за бензините.

Покрај ова, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ претходно ги усвои измените на Законот за додадена вредност со што ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 отсто.

На овој начин ги заштитивме семејните буџети од поскапувањето на цената на струјата. Сето ова се мерки коишто значат унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики кои се во интерес на граѓаните, на економијата, на државата“, изјави Костадин Костадинов портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он