Американската војска започна заеднички вежби со армиите на Украина, Полска и Литванија

Од:

Во Украина денеска започна заедничка воена вежба со силите на САД, Полска и Литванија, кои ја поддржуваат Украина во тензиите со Русија.
Во западниот дел на Украина, во близина на границата со Полска, 1.200 војници со 200 борбени возила учествуваат во вежбата „Три мечеви 2021“ која ќе трае до 30 јули.

Вежбата е во рамки на регионалната програма за воена соработка меѓу Украина, Полска и Литванија, кои во 2014 година формираа заедничка бригада со 2.600 Полјаци, 570 Литванци и 340 Украинци.

Во последните месеци Украина беше домаќин на две воени вежби со армиите од земјите на НАТО, на југот и на Црното Море.

Русија, исто така, спроведе неколку маневри во последните месеци, особено во Црното Море.

Односите меѓу Киев и Москва се затегнати од 2014 година поради руската анексија на полуостровот Крим и конфликтот меѓу украинските сили и проруските бунтовници во источниот дел на Украина.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година